Проект на Министерство за култура и Светска банка
  
 
 Почеток : Проекти 

„МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА’“ - НОВ СПОТ ЗА ТУРИСТИЧКА И КУЛТУРНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА


(MIA, 12.06.2009) - Продукцијата Пристоп МК денеска го промовираше новиот спот за туристичка и културна презентација на Македонија под наслов „Македонија вечна“, чиј сценарист и режисер е Игор Иванов - Изи.
Проектот е нарачан и финансиран од македонската Влада, а ќе се емитува на странски ТВ канали.
Оваа видео презентација е замислена како своевидно патување низ природните убавини, културното наследство и туристичките потенцијали на Република Македонија.
- На ова авторско дело работеше 80-член тим, интернационална екипа составена од врвни филмски професионалци од Македонија, Англија, Хрватска, Словенија, Србија и Белгија. Директор на фотографија е Џајлс Натџенс, музиката е на Златко Ориѓански, сценограф е Игор Тошевски, монтажер Нина Велниќ, а костимите се на Жаклина Крстевска и Бланка Будак, рече на промоцијата Иванов.
Спотот бил работен во периодот од 1-ви април до 10-ти јуни на познати и атрактивни туристички локации во Охрид, Скопје, Матка, Витачево, Галичник, Св.Јован Бигорски, Струмица, Стоби. Снимен е на 35 милиметарска лента со високо-професионална техника која вклучува три филмски камери, специјална камера на хеликоптер, најсовремена сценска техника и осветлување. Пост-продукцијата се одвивала во Словенија, Австрија, Хрватска и Македонија.



 

 

 
 
 

 

 

 

brzi - 2001