Проект на Министерство за култура и Светска банка
  
 
 Почеток : Театар 

ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА „ВРТЕЛЕШКА“ НА ОПН ВО ГОСТИВАР


(www.culture.in.mk, 12.05.2010) – Денеска, во 20 часот, во Центарот за култура „АСНОМ” во Гостивар ќе биде изведена театарската претстава „Вртелешка” по текст на Артур Шницлер, а во режија на Владимир Милчин. Претставата е прв проект на алтернативниот и независен Општествено политички неподобен театар (ОПН-театар). „Вртелешка” е дипломска претстава на членови на ОПН, а сега веќе дипломирани студенти во класата на Владимир Милчин.
„Вртелешка” е работена по текст на еден од најголемите австриски драмски писатели Шницлер кој е познат и како хроничар на виенската декаденција. Претставата е омаж на интимноста – од онаа на проститутките и војниците по клупите низ темните паркови крај Дунав до онаа на познатите актерки и грофови кои се среќаваат по најпрестижните хотелски соби. Вивисекцијата на моралот која ги надминува просторните и временските определби го прави овој текст постојано актуелен. Шницлер пиесата ја напишал во 1890 година, а кога конечно по Првата светска војна била поставена во театар, забранета е веднаш по примиерата. „Вртелешка” беше изведувана во Детскиот театарски центар во Старата скопска чаршија. Ова е прв пат да се игра надвор од Скопје.


 

 

 
 
 

 

 

 

brzi - 2001